Осветлувањето игра клучна улога во секој простор – без разлика дали станува збор за дом, канцеларија или продавница. Освен што го подобрува изгледот на ентериерот, правилниот избор на осветлување влијае на удобноста, продуктивноста и енергетската ефикасност.
Во продолжение, ќе објасниме како да изберете осветлување според просторијата, каков тип на светилки да користите, како да ја одредите потребната јачина и зошто LED осветлувањето е најдобриот избор.
Осветлување според просториите во домот
Дневна соба – комбинирано и прилагодливо осветлување
Дневната соба бара флексибилно осветлување кое може да се прилагоди според активностите. Лустерите често се главен извор на светлина, но за дополнителна топлина и стил, може да додадете столни лампи, ѕидни светилки, па дури и спот осветлување за нагласување на одредени делови од просторот.
Кујна – јасно и функционално осветлување
Во кујната е важно да имате силно и рамномерно осветлување. Висечки светилки над кујнскиот остров или трпезариска маса, LED панели и скриено LED осветлување под кујнските елементи кои овозможуваат добра видливост и практичност.
Спална соба – релаксирачко и меко осветлување
Во спалната соба, препорачливо е да се користи топло-бело светло (2700K-3000K) кое создава пријатна атмосфера. Ноќни лампи, ѕидни светилки или LED ленти се идеални за создавање на релаксирачки амбиент.
Бања – јасно осветлување со водоотпорна заштита
Во бањата е важно да имате добро осветлување, особено во делот кај огледалото. LED ѕидни светилки со неутрална до бела боја (4000K-6000K) се најдобар избор, додека главното осветлување треба да биде со висока IP заштита (IP44 или повеќе) за да биде безбедно од влага.