ЗА НАС

Брендот Maximo Lighting беше основан во 2014 во Куманово како семеен бизнис. Идејата за започнување дојде во моментот кога беше препознаен недостигот на современо осветлување на нашиот пазар. Предизвикот беше прифатен од млад брачен пар кој реши да го стартува бизнисот со педесетина модели на индустриски и минималистички дизајн на лустери и лампи. До ден денес имаме обработено над 5000 дизајни на лустери, лампи, светилки и разни осветителни тела.

Нашиот квалитет го препознаваат многу ресторани, кафетерии, хотели, слаткарници, канцелариски бироа како и многу други задоволни клиенти во и надвор од Република Македонија.

Принципот на нашата работа подразбира задоволување на индивидуалните барања на секој наш клиент, квалитетна услуга, нестандардни решенија, нови и современи дизајни на осветлување по најдобри цени.

Долгогодишното постоење покажува дека успеавме да се прилагодиме на актуелната состојба на пазарот и потребите на потрошувачите

Градиме силна врска со нашите клиенти засновано на доверба, транспарентност и исклучителна услуга за клиентите.