При изборот на осветлување, важно е да знаете колкава моќност (W) ви е потребна за различни простории. Со LED технологијата, енергетската ефикасност е многу повисока, па LED светилките трошат значително помалку енергија во споредба со класичните волфрамови сијалици. 

ПросторијаПрепорачана LED моќност (W)Еквивалентна класична сијалица (W)
Дневна соба (20-25m²)20W-30W LED100W-150W класична сијалица
Кујна (15-20m²)25W-35W LED120W-180W класична сијалица
Спална соба (12-18m²)15W-25W LED75W-125W класична сијалица
Бања (5-10m²)9W-20W LED50W-100W класична сијалица
Работна просторија (10-15m²)20W-40W LED100W-200W класична сијалица

Препорачана моќност на LED осветлување според просторијата 

LED VS. Kласични сијалици – Eнергетска ефикасност 

LED осветлувањето не само што троши помалку енергија, туку и има подолг век на траење. 

LED 10W ≈ 60W класична сијалица 

LED 15W ≈ 100W класична сијалица 

LED 20W ≈ 120W класична сијалица 

LED 30W ≈ 180W класична сијалица 

LED сијалиците трошат до 80% помалку енергија и имаат животен век од 15.000 – 50.000 часа, додека класичните волфрамови сијалици траат околу 1.000 часа. 

Избор на боја на светлина според намената

LED светилките се достапни во различни температури на светлина, изразени во Келвини (K): 

  • 2700K – 3000K (Топло бела) – идеална за дневни соби и спални, создава пријатен амбиент. 
  • 4000K (Неутрално бела) – погодна за кујни, бањи и канцеларии, дава природна осветленост. 
  • 5000K – 6500K (Студено бела/Дневна светлина) –се користи во работни простории, продавници и комерцијални простории за подобра видливост.