Гаранција и рекламации

Нашата фирма стои позади секој производ со гаранција од најмалку една до пет години за одредени производи. Гаранцијата започнува да важи од денот на купувањето на производот. Располагаме со сопствен сервис доколку настане ненадејно прегорување или оштетување на производот. Во времетраење на гаранцијата доколку настане проблем со  производот, купувачот е должен истиот да го донесе за сервис во еден од нашите продажни салони, со доказ за платени средства. Доколку самиот производ е прегорен поради фабрички проблем истиот ке биде сервисиран и направен од наша страна. Доколку производот е непоправлив за истиот следи замена со нов или некој друг производ.

Оштетените или прегорените производи кои што се со помината гаранција, купувачот доколку сеуште сака да ги користи после гаранцијата, е должен да ги донесе во нашиот продажен салон каде и ке се направи проценка на вредност за сервисот од страна на нашите вработени, како и делот кој што треба да биде заменет доколку постои можност.

Купените производи пред да ги подигне купувачот, должен е физички да ги провери со вработените. Доколку настане физичко оштетување после проверката за истите нема да важи гаранција, рекламација како и рефундирање на средства.

За останати гаранции и рекламации од нашите добавувачи на LED производи повеке информациике добиете од нашите вработени.

Рекламации доколку настане оштетување по испорака на карго, купувачот е должен истата да ја пријави во рок од 24 часа по примањето на производот на нашите телефони или по Вибер апликацијата со кратка порака и слика на оштетениот производ. Сите наши пратки се осигурани и се доставуваат со голема грижа и внимание по претходна детална проверка на нашите вработени.

На сите кориснички рекламации и поплаки MaximoLightingќе одговори во рок од 24 до 48 часа.