Плафонски LED лустер OREX
7.200,00 ден Original price was: 7.200,00 ден.6.300,00 денCurrent price is: 6.300,00 ден.
OREX се истакнува со својот елегантен и современ кружен дизајн, идеален за да внесе софистициран изглед во секој простор. Со мат црна завршница и дифузер кој ја омекнува светлината претставува совршено решение за модерни домови, но и за комерцијални простори со стил.
Со дијаметар од 60 cm и LED моќност од 40W, обезбедува рамномерно, ефикасно и пријатно осветлување. Температурата на боја дава можност за избор помеѓу три бои на светлина — топло бела, неутрална и ладно бела светлина
Лесно се вклопува во дневни соби, спални, влезни простори или работни зони, а OREX совршено ги комбинира дизајнот, визуелниот комфор и функционалноста. Ова е ламба која не само што осветлува, туку и декорира со карактер и добар вкус.
| Технички Карактеристики | |
|---|---|
| Број на модел | XLB306 |
| Материјал | Метал и пластика |
| Боја на тело | Црна |
| Површина за осветлување | Оптимално покрива површина од 15 до 20m² |
| Заштита | IP20 - заштитен од прашина, погоден за внатрешна употреба |
| Ширина/дијаметар (cm) | Ø 60 cm |
| Висина на тело (cm) | 20 cm |
| Светлосен флукс | 2100lm |
| Тип на сијалица | Интегриран лед со три бои на светлина (променлива) |
| Боја на светлинa (Келвини) | 3000K (топло бела) | 4000K (неутрална бела) | 6000K (ладно бела) |
| Максимална моќност (W) | 40W | A+ висока енергетска ефикасност |
| Напон/Фреквенција (V/Hz) | 220-240v 50/60Hz |
| Потенциометар | Не поддржува димирање |
| Гаранција | 1 година (Сопствен сервис и резервни делови после истекот на гаранција) |
| Color |
Црна |
|---|---|
| Brand |
MAXIMO |

Критики
Нема критики сеуште.